Головкин сака да го собори рекордот на Хопкинс

Golovkin i mendzerot

Светскиот шампион во средна категорија во бокс на ВБО/ ИБФ/ ВБЦ, Генади Головкин сака да го собори рекордот за одбрана на титулите, кој го држи Бернард Хопкинс. Ова го соопшти тренерот на Казакстанецот, Абеле Санчез.

„Има многу работи кои можат да го мотивираат Головкин. Ќе се радуваме ако тој успее да го собори рекордот на Хопкинс по одбраната на титулата во средната категорија. Ако тој продолжи да победува со нокаут, тоа ќе го задржи, како боксер со најголем процент на победи на овој начин во категоријата и тоа е дополнителна мотивација.

Ако Генади го собори рекордот на Хопкинс, ќе стане историја. До сега не сум слушнал за ниту еден спортист од Казакстан да продава билети за неговиот настап и на двете крајбрежја на САД“.

Головкин досега има 15 успешни одбрани на титулата, а Хопкинс го држи рекордот со 20.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО