Потврдена: Реваншот Вердум – Веласкез на УФЦ 207!

werdum-i-velasquez

Поранешните шампиони во тешка категорија, Фабрицио Вердум и Каин Веласкез, повторно ќе се сретнат на УФЦ 207 кој е на 30 декември во Т-Мобиле арена во Лас Вегас.

Елитните тешкаши, исто така, се приклучија на настанот кој ќе го предводат од Аманда Нунес и повратничката Ронда Русеј. Ова ќе биде нивна втора средба по онаа што ја видовме минатата година на УФЦ 188. Да потсетиме, во таа пригода Бразилецот го заклучи со гилотина во третата рунда и го прзеде појасот од  борецот на АКА тимот.

Да нагласиме дека и двајцата во мечот влегуваат со победа над Тревис Браун, Веласкез го совлада на УФЦ 200, додека Вердум беше поуспешен против истиот противник на УФЦ 203.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО