Потсетете се како Кро Кап го здроби Марк Колман пред 18 години

Легендарниот хрватски борец Мирко Филиповиќ имаше 38 победи во текот на ММА кариерата (има 11 порази, две нерешени и една откажана борба), а последната ја доби во февруари 2019 година кога со едногласна одлука на судиите го победи Рој Нелсон.

Десет дена подоцна доживеа мозочен удар и се пензионира.

Во текот на кариераta Кро Кaп победи многу големи борци, а еден од нив беше Марк Колман, кој освои сребро на СП во борење во 1991 година.

Мирко и Марк се сретнаа во рингот на Прјад на 20 февруари 2005 година во Саитама.

Американецот се обиде да наметне стил на борење, но тоа не му одеше најдобро со Мирко, кој ја усоврши својата соборувачка одбрана.

Кро Кап со одлична одбрана го разби Колман, па тргна во напад.

Го собори противникот со серија фантастични удари и борбата ја заврши со „фудбалски удар“. Тој удар беше популарен и дозволен во Прајд.

Најголемата светска ММА организација објави снимка од борбата од пред 18 години во која Кро Кап го скрши Колман:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО