Последното соочување пред УФЦ 277, ќерката на Џулијана го штитеше грбот на нејзината мајка (ВИДЕО)

Судирот меѓу Џулијана Пења и Аманда Нунеш е насловна борба на настанот на УФЦ 277 овој викенд во Далас.

Двете борачки ја исполнија потребната тежина за бантам категорија. Шампионката Џулијана имаше 61, а Аманда која сака да си ја врати титулата 61,2 килограми.

Во конасловната борба Брендон Морено и Каи Кара-Франс се борат за привремениот појас во мува категорија. Вагата за двајцата покажа иста тежина – 56,5 килограми.

Во тешка категорија Дерик Луис (120 кг) беше нешто потежок од Сергеј Павлович (115,4 кг).

Пред настанот се одржа мерењето, а борците уште еднаш се појавија на соочувањето.

Џулијана и Аманда изгледаа одлично, се доби впечаток дека и двете едвај чекаат да влезат во октагонот.

Иако на сцената се чувствуваше тензија за време на нивното соочување, се помина во најдобар ред.

Но, камерите снимија сладок момент кога ќерката на Џулијана застана зад неа и се постави зад неа во боксерски гард како да и го штити грбот.

Интересно беше и последното соочување меѓу Дерик Луис и Сергеј Павлович, па малку се замеша Дана Вајт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMAFighting.com (@mmafighting)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMAFighting.com (@mmafighting)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО