Давид Петков е во финалето, бронза за Ангела Мојсовска на Европските универзитетски игри

Давид Петков обезбеди уште едно финале за македонската карате репрезентација на Европските универзитетски игри во Лоџ, Полска, а Ангела Мојсовска се закити со бронзен медал.

Во борбата за златниот медал Петков силите ќе ги одмери со Гарбиел Паула Матијас од Португалија, откако претходно нанижа 4 победи.

Мојсовска во борбата за бронзата славаше против Викторија Грејнер од Полска со 6-4.

Во борбата за третото место Петар Спасеновски се бореше нерешено 2-2 со Александар Карас (Украина), но победата му припадна на Украинецот поради прв освоен поен. А, Глигор Петков загуби од Мациеј Гебка (Полска) 0-7, додека Марија Петровска е поразена од Тила Левашер од Франција со 1-2.

Да потсетиме дека машкиот тим во борби се пласира во финалето и против Украина (Државна Харкив академија за физичка култура) ќе се бори за златниот медал.

Ова е голем успех на нашите каратисти со две финалиња и една бронза

На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 државии тие ќе се натпреваруваат во 20 различни спортови.

Резултати – Европски универзитетски игри:

Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Унгарија 3-0
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Украина 3-1
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Словачка 3-0
Финале
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Украина(Државна Харкив академија за физичка култура)

Женски кумите тим
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Полска 0-0
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Австрија 0-2

-67 кг
Давид Петков – Микита Румијанцев (Украина) 3-0
Давид Петков – Михал Јанчевски (Полска) 3-0
Давид Петков – Џоби Вилсон (В. Британија) 1-0
Давид Петков – Валентин Најда (Украина) 2-0
Финале
Давид Петков – Гарбиел Паула Матијас (Португалија)

75 кг
Петар Заборски – Андриј Заплитњи (Украина) 2-1
Петар Заборски – Хамза Туруља (БиХ) 2-0
Петар Заборски – Бетим Малиќи (Косово) 1-5
Репасаж
Петар Заборски – Данило Кравчук (Украина) 1-2

-84 кг
Петар Спасеновски – Кристијан Зиполи (Италија) 4-1
Петар Спасеновски – Андриј Торошанко (Украина) 1-2
Репасаж
Петар Спасеновски – Јонут Минеа (Романија) 4-1
Петар Спасеновски – Ботонд Капдебо (Унгарија) 5-0
За бронза
Петар Спасеновски – Александар Карас (Украина)* 2-2

Илиевски Димитар – Луиџи Рензули (Италија)
Илиевски Димитар – Кадри Толај (Турција) 3-0
Илиевски Димитар – Девид Шатокин (Украина) 0-9

+ 84 кг
Глигор Петков – Кол Рис Вилијамс (Велика Британија) 9-1
Глигор Петков – Михал Банковски (Полска) 5-1
Глигор Петков – Данилсон Жакет (Франција) 0-6
Репасаж
Глигор Петков – Јакуп Ајдари (Косово) 0-7
За бронза
Глигор Петков – Мациеј Гебка (Полска) 0-7

-55 кг
Марија Петровска – Танија Мачадо (Португалија) 0-2
Марија Петровска – Клаудија Соколовска (Полска) 1-0
Марија Петровска – Хана Куклова (Словачка) 0-1
За бронза
Марија Петровска – Тила Левашер (Франција) 1-2

Симона Заборска – Миа Мијовиќ (Хрватска) 1-0
Симона Заборска – Албуене Гервала (Косово) 2-3

-61 кг
Викторија Јовановска – Колумбин Манон (Франција) 8-0
Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 0-2
Репасаж
Викторија Јовановска – Дарија Јервачова (Украина) 4-6

Моника Пендаровска – Ана Хеико (Украина) 1-2

-68 кг
Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија) 2-2
Ангела Мојсовска – Мелина Леино (Финска) 9-0
Ангела Мојсовска – Даниела Холк (Полска) 3-0
Ангела Мојсовска – Елина Сиелиемиениева (Украина) 3-8
За бронза
Ангела Мојсовска – Викторија Грејнер (Полска) 6-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО