Јасин Лама пред дебито во профи боксот: Очекувам победа со нокаут

Јасин Лама вечерва дебитира во професионалниот бокс.

На настанот „Најт оф д чемпионс“ во Тетово, а во организација на БК Шкендија но лимит, Лама ќе ги одмери слилите со Самуил Димитров од Бугарија.

Пред дебито, Јасин кажува како се чувства и што очекува во овој дуел.

„Пред се, се чустувам многу добро. Нормално, првиот меч во профи бокс ми е како првиот меч во олимпскиот бокс. Но, искуството што го имам чекам да го покажам во профи боксот. Очекувам победа со нокаут, за сите што ми даваат поддршка“, вели Јасин Лама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО