Последно соочување на Кро Кап и Рој Нелсон на мерњето (ВИДЕО)

По официјалната се одржа и церемонијалното мерење за Белатор 216 во Анкасвил.

Мирко Филиповиќ и Рој Нелсон се соочија последен пат пред реваншот.

Кро Кап тежи 106,4 килограми, додека 42-годишниот Американец беше 117,7 килограми, односно беше потежок 11,3 килограми.

Поранешниот шампион во тешка категорија Виталиј Минаков (21-0) се враќа во американската промоција по речиси пет години и по втор пат се бори со Чеик Конго (29-10-2), кого го победи со одлука на судиите во 2014 година. 43-годишниот Французин е во низа од седум победи.

Главен меч на вечаерта е четвртфиналето на Гран прито во велтер категорија во кое се среќаваат Британците Мајкл Пејџ и Пол Дејли.

Белатор 216:
Мајкл Пејџ (77.1) – Пол Дејли (77.1)
Чеик Конго (107) – Виталиј Минаков (109)
Мирко Кро Кап (106.4) – Нелсон (117,7)
Јарослав Амосов (77) – Ерик Силва (77.1)
Колби Флечер (55.5)  Валери Луреда (56)

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО