Поразот го направи Конор уште поголема ѕвезда: На средба на Далас Каубојс пречекан како КИНГ! (ВИДЕО)

Ако мислите дека ѕвездата на Мек Грегор избледеа по поразот од Хабиб Нурмагомедов, размислете повторно. Суперѕвездата на УФЦ продолжи онаму каде што застана пред УФЦ 229. Можеби дури и пожестоко и поодлучно отколку порано.

Се уште не се врати во Ирска по поразот за титулата на УФЦ. Одлучи да го спои лагодното со корисното, па се фокусира на социјалните контакти и рекламирање на неговото всики „Пропер твелв“. Може да се каже дека последните денови Ирецот на еден вид турнеја.

Овој викенд го поминал во Далас каде што посети натпревар на американски фудбал против Џексонвил Јагуарс. Виден е на теренот како се поздравува со играчите токму пред почетокот на натпреварот со контроверзниот спаринг партнер Дилан Данис и неговиот агент Ауде Алтар.

Подоцна му се придружил на сопственикот на клубот, Џери Џонс и на останата свита од ВИП ложата. На крајот Далас Каубојс ги совладааЈагуарите 40-7.

И овие потези на Мек Грегор го покажуваат неговиот брилијантен спортски и натпреварувачки ум. Само пред една недела Ноториус го доживеа најтешкиот пораз во кариерата, но и покрај тоа, тој не се повлече во осаменост. Тој одлучува поразот да го прифати стоечки. Од друга страна, како да се гордее со УФЦ 229 и рекордна продажба на ППГ, Ноториус е порастрчан од когабило.

https://www.instagram.com/p/Bo7orN4gM8L/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО