Хабиб одби понуда од 15 милиони долари за реванш со Мек Грегор

Хабиб Нурмагомедов одби понуда од 15 милиони долари за реванш против Конор Мек Грегор. Веста ја објави чичкото на Русинот – Алекс.

„Дали е можен реванш со Конор? Не. Хабиб не се интересира за тоа. Нема да се бори со него за какви и да е пари. Знам дека му нудат реванш. Како за почеток, понудија 15 милиони, ако се согласи. Но, Хабиб рече – не. Конор нека се нареди во редот и да се бори со другите. Хабиб сака да се бори со Фергусон, а потоа да ја прекине кариерата“.

https://youtu.be/8ZENqshTaiQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО