Порази во полуфиналето на боксерите на Кикиндска златна ракавица, сепак Ивановски во финале

Македонските боксери се поразени во полуфиналните средби на Меѓународниот турнир „Кикиндска златна ракавица“ во Кикинда, Србија.

Иако Филип Ивановски е тесно поразен, сепак ќе боксира во финалето, бидејќи неговиот противник е повреден и не може да се бори во финалето.

„Нијанси беа во прашање, но поради повреда на Лука Бушетиќ не може да боксира во финалето на турнирот. Со дозвола од супервизорот, поради тоа што ова се млади деца, за да направат повеќе мечеви и искуство, Филип Ивановски ќе боксира финале со Јован Ѓуричиќ од Србија“, велат од таборот на нашата репрезентација.

Полуфинале:

54 кг Леонард Лима – Георгис Костанинудис (Грција) 0-3 ТКО Р2

60 кг Енис Алиу – Страхиња Мошорински (Србија) 0-3

63,5 кг Басам Реџепи – Георги Ефтимијадис (Грција) 0-3

66 кг Филип Ивановски – Лука Бушетиќ (Србија) 1-2

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО