Пораз на Палхарес, победа на Малдонадо во Русија (ВИДЕО)

Тројца поранешни борци на УФЦ од Бразил настапија на Фајт најт Глобал во Каспијки во руската република Дагестан.

Русимар Палхарес (19-9) изгубио со поделена одлука од Шамил Амиров (4-0). На домашниот борец ова му беше само четвртата професионална борба.

Фабио Малдонадо (24-11) со гилотина во третата рунда го присили на предавање Курбан Омаров (8-1) и му го нанесе првиот пораз во кариерата и ја освои титулата во категоријата до 93 килограми.

Диего Брандао (22-12) во неговата трета борба за ФНГ загуби по недозволениот удар во втората рунда од Ахмед Алиев (16-4). По неодговорениот удар на Русинот во главата, Брандао го удари со апкик и го нхапушти кафезот прекачувајќи се преку оградата и така ја предаде борбата.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО