Почна Европското првенство во кик бокс за кадети и јуниори

 

Почна Европското првенство за кадети и јуниори во кик бокс во Скопје на кое учествуваат 1563 натпреварувачи од 37 држави, а Македонија настапува со 37 кикбоксери. Првенство за отворено го прогласи директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ), Дејан Митровски, истакна дека ова е добар континуитет на Федрацијата како на ниту една друга, бидејќи по организацијата на сениорските ЕП и СП во 2013 година, сега се организира ЕП за кадети и јуниори. Тој од негово име и од името на Организационот одбор на ЕП посака сите да се прикажат во најдобро светло, да се дружат, да стекнат нови пријатели и да ги видат убавините на Скопје.

„Нашиот спорт е контактен и со многу удари, се надевам дека нема да има повреди. Нека победат најдобрите“, рече Митровски.

Претседателот на ВАКО Европа, Рој Бејкер, во своето обраќање нагласи дека кик боксот ги обединува сите нив и дека затоа треба да го негуваат. Посака сите да уживаат и да се дружат, борбите да бидат фер плеј и да се почитуваат натпреварувачите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО