Џошуа се обложи за мегамечот Головкин-Канело, но за кого?

Светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа знае кого ќе поддржи во ноќта меѓу 16 и17 септември (околу 2:00 часот по македонско време) во мегамечот Канело Алварез м – Генади Головкин.

„Канело е 27 години, а има постигнато толку многу што ќе биде еден од гигантите во спортот. Тој е бебе, но тој веќе е боксерски татко, му давам уште десет години на највисоко ниво. Ќе има многу време и мислам дека ќе направи големи работи за овој спорт. Го следам долго време, но тоа ќе му биде тешко, бидејќи Головкин е од Казахстан и има добра база за бокс. Но, Канело, па јас ќе се обложам на него и се надевам дека ќе победи, но не затоа што имам нешто против Головкин“, изјави Џошуа за Спортс меил.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО