Поранешниот светски боксерски првак Валуев мора да оди на фронт

И повеќе од сериозна е ситуацијата во Русија. Откако пред неколку денови Владимир Путин донесе одлука дури 300.000 лица да бидат мобилизирани за потребите на агресијата врз Украина, секојдневно излегуваат информации кои се тие познати спортисти кои ќе мораат на фронт.

Некои од нив побегнаа од земјата, но не и Николај Валуев, екс светскиот боксерски првак во тешка категорија. “Ѕверот“, како што го нарекуваат поради неговата висина од 216 см, и тежина од 150 кг, денеска изјави дека тој со задоволство ќе го прифати повикот и ќе биде во првите редови во одбрана на својата земја.

Инаку откако се пензионира, Валуев стана член на партијата на Путин, едно време беше и во парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО