Поранешен УФЦ борец: Останав без зборови, одлична борба! Волкановски повеќе ме импресионираше

Поранешниот борец на УФЦ Диего Санчез го кажа своето мислење за борбата меѓу Русинот Ислам Махачов и Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски, која се одржа на 12 февруари на УФЦ 284.

„Каква битка, и двајцата беа одлични! Откако повторно го погледнав, буквално сум без зборови. Повеќе ми остави впечаток Волкановски. Иако е многу помал, мислев дека победи. Беше одлично да се види неговата борбеност“, напиша Санчез на социјалните мрежи.

Потсетуваме, Махачев победи со едногласна одлука, бранејќи го шампионскиот појас на промоцијата во лесна категорија. Севкупно, борецот има 13 победи и еден пораз во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО