Спорот за парите може да ја спречи битката на титаните Усик и Фјури

Спорот за поделбата на парите може да ја попречи борбата за светска титула во тешка категорија меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури. Ова го навести промоторот на Украинецот Александар Красјук.

Опцијата за борба на Блискиот Исток, каде што се очекуваше двајцата да добијат огромни хонорари, речиси сигурно пропадна. Борбата е веќе закажана за Лондон, но штабот на Фјури сака лавовски дел од хонорарот.

„Кога еден борец има три појаси, а другиот само еден, поделбата 50-50 звучи фер. Уште пофер отколку што е во реалноста“, изјави Красјук за „Спортска џунгла“ и додаде: „Ако Тајсон ја прифати поделбата, тоа ќе значи дека тој е вистински воин кој се бори за наследство, а не за пари“.

Красјук денеска ќе биде во Лондон на последната фаза од преговорите со тимот на Фјури. Тој додаде дека постои опција мечот да биде преместен и за почетокот на мај, но потврди дека најверојатен домаќин ќе биде стадионот „Вембли“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО