Поранешен шампион му порача на Џошуа: Треба да ја прифати борбата против Хрговиќ, тоа е многу лесен меч за него

Многумина беа загрижени за кариерата на Џошуа по двата порази против Aлександaр Усик, но Ентони се врати во елитното друштво со четири последователни победи и наскоро би можел да добие уште една шанса да го достигне врвот во тешка категорија.

Неодамнешната победа над поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану, го направи Еј Џеј главен кандидат за мечот против победникот во борбата за титулата Тајсон Фјури – Aлександaр Усик.

Но, бидејќи Фјури и Усик имаат клаузула за реванш во нивниот договор, Џошуа би можел да добие шанса да се бори со еден од нив само следната година.

Поранешниот шампион Карл Фрамптон му порача на Еј Џеј дека треба да остане активен, а за идеален противник го предлага најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ.

„Џошуа треба да ја прифати борбата против Хрговиќ“, рече Карл Фрамптон и додаде:

„Тој е идеален противник за Еј Џеј. Тоа е многу лесен меч за него. Џошуа би бил голем фаворит против Хрговиќ. Едвај ги чека Усик или Фјури, бидејќи којзнае што друго можат да договорат. Затоа треба да има уште една борба и потоа да се надева на меч за титулата.

Фрамптон ја пофали активноста на Џошуа и дека имал дури четири меча во последните 11 месеци.

„Често се жалиме кога борците не се толку активни. Ова сега ми се допаѓа кај Еј Џеј“, подвлече поранешниот шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО