Тајсон Фјури е воодушевен од 19-годишен борец: Тој е иднината на тешката категорија“

Британскиот тешкаш Тајсон Фјури се подготвува за најголемата борба во кариерата, но одвои момент да истакне кој боксер би можел да биде иднината на дивизијата.

Следната борба на Фјури е на 18 мај кога ќе се бори со Украинецот Aлександaр Усик во Саудиска Арабија. Победникот ќе обедини четири шампионски појаси во тешка категорија за прв пат по 25 години.

Непоразените шампиони моментално се на интензивни тренинзи, но наоѓаат малку време да споделат со навивачите интересен дел од подготовките или дел од нивните размислувања.

Така, во неодамнешната објава на Инстаграм, Кралот на Ромите пофали млад боксер, а рече дека овој борец е подготвен да оди0 на врвот на дивизијата.

„Мозес Итаума е иднината на тешката категорија“, напиша Тајсон Фјури во својата објава.

Непоразениот Итаума е многу надежен 19-годишен британски боксер кој сака да стане најмладиот светски шампион, што би значело дека би го надминал претходниот рекорд на Мајк Тајсон.

Трикратниот европски аматерски шампион од својата 15-та година спарингува со врвни боксери, па неодамна беше во таборот на Фјури и го импресионираше Џипси Кинг.

Тој има договор со Квинсбери кој сака да му помогне на патот до рекордот на Тајсон да стане светски шампион со само 20 години, четири месеци и 22 дена.

Моментално има 7-0 и треба да ја има следната борба во спектаклот за апсолутниот шампион во тешка категорија меѓу Фјури и Усик, но се уште нема противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО