Амангелди славеше против Еди Шерифовски на „Тбилиси Гранд слем 2024“

Џудо репрезентативецот Еди Шерифовски (-81 кг) ја осети атмосферата на „Тбилиси Гранд слем 2024“ во Грузија, каде што конкуренцијата е многу силна. Шерифовски се сретна со Мади Амангелди од Казахстан при што беше поразен со ипон и вазари.

Амангелди е искусен џудист со многу успеси.

Неговиот противник не ги продолжи борбите, така што не се створи шанса за репасаж за нашиот репрезентативец.

Сепак, ова е големо искуство за Шерифовски, бидејќи настапуваат најсилните џудисти од светот, а самата Грузија е една од светските велесили во овој спорт.

На Гранд слемот во Тбилиси настапуваат 531 натпреварувач од 83 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО