Злато за Марија Таневска на „Марибор опен“, бронза за „Осенсеи Балекс“ во Јадранската лига

По златниот медал на Данил Николиски (-56 кг) во борби во У-21 на Меѓународниот џиу џицу турнир Марибор опен во Словенија, и Марија Таневска освои злато, машкиот тим на Македонија Осенсеи Балекс го освои бронзениот во Јадранската лига.

За нашиот тим настапија: Данил Николиски -56 кг, Зоран Колевски – 62 кг, Јаким Колевски – 69 кг, Антонио Стојчески – 77 кг и Христијан Јованов – 94 кг, предводени од тренер Виктор Велинов.

„За жал немавме борци на – 85 кг и +94 кг. Веројатно со овие две категории успехот ќе беше поголем“, велат од Македонската џиу џицу федерација.

Успехот е поголем, бидјеќи Катерина Ацевска со две убедливи победи ја однесе екипата на Јахорина до златниот медал и пехарот за најдобра женска екипа во Јадранската џиу џицу лига. Таа настапуваше како позајмен борец поради тоа што ние немавме женски претставници во лигата.

Ацевска денес ќе има тежок ден, во незината категорија има7 натпреварувачки.

На 19-тиот Марибор опен учествуваат 500 натпреварувачи од 14 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО