Поранешен борец на УФЦ влегува во затвор-собирал пари за наркодилери

Роб Броутон, поранешен УФЦ борец во тешка категорија, влегува во затвор за да издржи казна од осум ипол години. 38-годишниот Британец беше осуден во Велика Британија за учество во наркобанда. Според „Ливерпул ехо“, Броунтон бил уапсен во врска со криминална група предводена од браќата Алан и Џон Тобин, кои во огромни количини снабдувале со дрога разни банди низ Англија.

Броутон беше осуден затоа што на браќата им служел за покажување „мускули“. Тој превезувал пари и собирал долгови од луѓе кои им должеле пари. Преку него поминале околу 30 милиони фунти во кеш. Групата работеше меѓу 2016 и 2020 година. Полицијата конечно го запре масовно снабдување со кокаин, проценет на 20 милиони фунти.

Броутон не се занимаваше со трговија на наркотици, но служел како наплатувач на долгови за наркодилери. Броутон се изјасни за виновен, а неговите адвокати сакаа да му се суди за перење пари, но судијата не се согласи.

Роб Броутон, со прекар „Мечка“, има учинок 16-7-1 во ММА и помина 1 година во УФЦ. Тој забележа 1 победа и 2 порази во периодот од 2010 до 2011 година во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО