БоксПрофесионален
Поранешен апсолутен светски шампион принуден да се пензионира
34-годишниот британско-шкотски професионален боксер и поранешен апсолутен светски шампион во велтер категорија, Џош Тејлор, објави дека е принуден да се пензионира по лекарски совет.
„Ова не е лесен пост за пишување, но за жал е неопходен по совет на моите лекари. Како што претходно беше објавено, имав повремени проблеми со видот, што за жал значи дека сега сум принуден да ја завршам боксерската кариера или ризикувам да го изгубам видот.
Јас сум само момче од Панса кое се искачи на самиот врв на овој спорт, но не можев да го направам тоа без оние кои ме поддржуваа во добро и лошо“, напиша Тејлор на социјалните мрежи.



