АктуелноБоксПрофесионален
Ленокс Луис: Усик е голем шампион

Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, Британецот Ленокс Луис, го коментираше поразот на сонародникoт Даниел Дубоа во реваншот со Украинецот Александар Усик.
Потсетуваме дека борбата се одржа ноќта меѓу 19 и 20 јули во Лондон (Обединето Кралство) и заврши со победа на Усик со нокаут во петтата рунда.
„Дубоа навистина ја сакаше оваа борба. Сакаше да го удри Усик, но не можеше. Усик се движи одлично, тој е одличен шампион и го пресмета Дубоа. Неговото постојано движење функционира, особено против одлични нокаутери. Кога ќе се обидете да го удрите, него веќе го нема. Дубоа е сè уште млад и може да се врати. Ова е тежок пораз, но може да се врати“, изјави Луис за Секандс аут.



