Хамзат Чимаев го провоцира Коста: Твојата жена прва ми напиша, а потоа ги избриша сите пораки

Откако Пауло Коста изненади со доминантна победа над Роман Копилов, бразилската надеж не губеше време – веднаш го изусти името што го извикуваше со години во микрофонот – Хамзат Чимаев. Сепак, овој пат навредите не беа спортски. Коста тврдеше дека Чимаев ѝ пишувал пораки на неговата партнерка.
„Тој ѝ кажа навредливи работи на мојата девојка во пораките на Инстаграм. Ова е лично. Се лутам кога го слушам неговото име. Мора да се бориме“, рече Коста по УФЦ 318. „Не ме интересира дали ќе ја добие следната борба или не. Ова ќе се случи освен ако не се пензионира. Сакам да го повредам“.
Сепак, „Борз“ не остана должен. Брзо возврати на социјалните мрежи со обвинување дека тој прв не пишувал, туку – таа.
„Таа ми пиша, „хабиби““, напиша Чимаев на X како одговор на изјавата на Коста.
Кога обожавателите го замолија да објави докази, тој тврдеше дека пораките се избришани:
„Таа избриша сè, брате“, рече тој, додавајќи масло на огнот.
Коста потоа подетално ја опиша содржината на пораките за кои тврди дека дошле до неговата девојка од профилот на Хамзат:
„Тој ѝ кажал валкани работи, како „треба да најдеш подобар маж“ и слично. Ова не се работи што би ги кажал вистински маж, некој со самодоверба. Ако имаш нешто да кажеш, прати ми го мене, а не нејзе. Кукавица. Тој е само кукавица“.



