Полуфинале „Златен гонг“: Се враќа сјајот на турнирот, Македонија со четири финалисти!

zlaten-gong-belgiev-kosovar

Полуфиналните борби на 46-от Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ ги исполни очекувањта, беа прикажани одлични борби во неколку мечеви. Нашите боксери поразени, но не разочараа, тоа посебно се однесува на дебитантот на боксерскиот ринг Бобан Илиоски (-75 кг) кој одлично се носеше со шампионот на Србија, Алекснадар Костиќ.

Илоски е репрезентативец на Македонија во кик бокс, а ова му беше прв меч како боксер. Во првата рунда си разменија повеќе удари со искусниот Костиќ, но на крајот од рундата попрецизни беа на Бобан. Сепак, искуството на Костиќ дојде до израз во втората рунда, кога стрпливо ја градеше предноста,  а Илиоски се бранеше во град за да не прими удари. Неговата цел беше да го реши мечот со еден удар. И третата рунда беше како втората, а при крајот Бобан се обиде да направи преврт,но беше доцна. Сепак, тој не прими многу удари, а за добри резултати му фалат мечеви, така што многу боксери од регинот ќе имаат проблеми со него.

Ние ќе констатираме дека македонскиот бокс добива уште еден добар боксер во оваа категорија, што значи дека Гоце Јанески добива квалитетна конкуренција за сметка на боксерската иднина.

Англичаните се претставија многу добро светло, па така утре во финалните борби ќе имаат четири боксери, Албанија тројца, Македонија со четири боксери кои директно се пласираа во финалето. Најмногу се очекува од Гоце Јанески во категоријата до 75 килограми.

Интересни борби прикажаа Василе Сучиу – Романија и Раси Никол – Косово, а победи Романецот со 2-1, додека Насер Шаља и Далтон Смит демонстрираа технички бокс кој изнуди аплаузи од публиката која ја исполни малата сала на СЦ „Борис Трајковски“. Исто така и Денис Нурја и Конор Лофта прикажаа добар технички бокс. Мечот меѓу Адријан Ботусан и Венхар Назирај ја крена публиката на нозе, а на карјот се радуваше Романецот  Борусан. Витакер од Англија беше подобар од Лука Мејач од Словенија.

Тешкашите Милорад Пуриќ и Емилијано Џедику водеа истоштувачка борба од која како победник излезе Џедику.

Минатогодишниот победник на „Златниот гонг“ Арменд Џоџај од Косово покажа зошто го освои трофејот совладувајќи го со ТКО Дарко Кучак од Босна и Херцеговина во првата рунда. Додека Владо Бабиќ од Србија демонстрираше врвен бокс во супертешкашката пресметка со Романецот Дору Ливадариу. Тој тргна сигурна од првиот удар на гонгот, а на протиникот нему остана ништо друго освен да се брани и да ескивира, но го погоди со еден тежок удар по што му броеја. Тренерфот на Романецот виде дека српскиот шампион е премногу силен па ја фрли крпата во рингот и го предаде мечот.

Турнирот свечено го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој рече дека со регионалната и македонската лига ќе имаме уште поквалитетни боксери. Тој му се заблагодари на основополжникот на турнирот, Живко Дуковски, бидејќи на овој начин се афирмирала Македонија, пред се боксот, а притоа продефилирале големи имиња во светски рамки како: Мате Парлов, Марјан Бенеш, Звонко Вуин, нашите Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Азис Салиху, Примислав Димовски, Вели Мумин, Мухамед Алија, Фатлун Жута и руските и кубанките боксери. Мерките на владата ќе придонесат за поголем квалитет на боксот, рече Спасески, додавајќи тоа ќе биде поттик за спортот и спортистите.

Исто така и претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Игор Златков, исткана дека за македнскиот бокс идат подобри денови со стартувањето на Регионалната лига и Македонската лига во 2017 година.

Резултати полуфинале „Златен гонг“:

-52 кг Хејленд Блејн (Англија) –  Мурја Ардит (Албанија) 0-3

-56 кг Брук Крис (Англија) – Тодоровски Доситеј (Србија) 3-0

-60 кг Лама Јасин(Македонија) – Вода Стефан (Белгија) 0-3

-60 кг Бачиќ Вања (Србија) – Мек Кормак Лус (Англија) 0-3

-64 кг Сучиу Василе (Романија) – Никол Раси (Косово) 2-1

-64 кг Шаља Насер (Холандија) – Смит Далтон (Англија) 0-3

-64 кг-1 Стошиќ Петар (Србија) – Ел Сиати Сохаиб (Белгија) 3-0

-69 кг Нурја Денис (Албанија) – Лофтус Конор (Англија) 1-2

-69 кг-1 Ботусан Адријан (Романија) – Хазирај Венхар (Косово) 3-0

-69 кг-2 Курхаску Бесарт (Косово) – Мекиќ Ирфан (Црна Гора) 3-0 (ТКО Р-2)

-75 кг Мејач Лука (Словенија) – Витакер Бен (Англија) 0-3

-75 кг Костиќ Александар (Србија) – Илиоски Бобан (Македонија) 3-0

-75 кг-1 Арсов Никола (Македонија) – Канца Самуел (Романија) 0-3 (без борба)

-75 кг-1 Симба Каи Џон (Белгија) – Бекири Албан (Албанија) 0-3

-81 кг Туркуш Клемен (Словенија) – Меметовиќ Денис (Србија) 0-3

-91 кг Пуриќ Милорад (Црна Гора) – Џедику Емилјано (Албанија) 0-3

-91 кг Кучук Дарко (БиХ) – Џоџај Арменд (Косово) 0-3 (ТКО, Р-1)

+91 кг Палуца Мелкиад (Албанија) – Богдановиќ Марко (Хрватска) 1-2

+91 кг Бабиќ Владо (Србија) – Ливадариу Дору (Романија) 0-3 (ТКО, Р-1)

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО