Кик бокс турнир на Будо клубовите во Демир Капија

Budo kavadrci site na DP Negotino 2016

Клубот за боречки спортови Будо од Кавадарци по повод шест години постоење утре во Демир Капија ќе оддржи аматерски кик бокс натпревар.

Натпреварот кој е во организација на Будо клубовите од Кавадарци, Демир Капија и Велес учество ќе земат вкупно 22 натпреварувачи кои ќе понудат 11 борби и презентации на техники и музички форми.

aleksandar-ristovski-budo-kavadarci

„Со турнирот го заокружуваме успехот на „Будо“ клубовите кои во 2016 година постигнаа солидни резултати како на државни, така и на меѓународни натпревари, освојувајќи повеќе од 30 медали и промовирајќи седум државни прваци кои го претставуваа градот и Тиквешијата во најдобро светло“, рече Александар Ристовски, тренер во клубот за боречки спортови „Будо“.

palakt-kik-boks-demir-kapija

Почетокот на турнирот ќе се одржи во спортската сала во Демир Капија со почеток во 18 часот, влезот е слободен.

Се очекува на настанот да присуствуваат и градоначалникот на Општина Демир Капија, Трајче Димитриев, претседателот на Кик боксинг федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко и трикратниот светски шампион Димитар Ѓорѓиев, а на истиот ќе бидат доделени медали и сертификати за најдобрите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО