Полицаец, поранешен ММА борец, е отпуштен заради полициска бруталност (ВИДЕО)

Полицецот од Чикаго, Џералд Вилијамс, е отпуштен бидејќи ги пречекорил овластувањата. Американските медиуми објавија видео од постапката на Вилијамс како го удира Бернард Карш за време на апсењето. Полицијата реши да го казни Карш, затоа што пиелалкохол на улица. Сепак, Бернард почнал да станува агресивен и да го плука Вилијамс, а потоа и му го излижал лицето.

Ова го разбеснело полицаецот Џералд Вилијамс, кој е поранешен борец во Белатор и одлучува да го зграбчи Карш и го соборува на земја, при што Карш паѓа на главата и се онесвестил. Видеото од апсењето на Карш стана хит на социјалните медиуми и доведе до тоа Вилијамс да биде отпуштен. Карш изјави дека не плукал по полицаецот и не му го лижел лицето.

Поранешниот борец доби многу критики за постапката. Како ММА борец Вилијамс го користеше прекарот „Бекон и јајца“. Тој е со професионален скор од 3-1, а неговите борби се одвивале помеѓу 2009 и 2012 година. Неговата последна профи борба беше на Белатор 84. Вилијамс исто така има аматерски скор 2-0 во ММА. Овае е видеото од инцидентот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО