Петросјан ја одбрани ИСКА титулата (ВИДЕО)

Џорџо Петросијан во Милано по втор пат ја одбрани ИСКА К-1титулата во супервелтер категорија.

34-годишниот „Доктор“ на својот настан „Петросијан манија“ со едногласна одлука на судиите по пет рунди го победи Гаетано Дамбо. Французинот во текот на борбата имашедв броења.

Во претходната борба во октомври, Петросијан освои еден милион долари совладувајќи друг Французин Сами Сане на ОНЕ чемпионшип гранд при.

Во борбата за титулата на ИСКА К-1 во категоријата 85 килограми, Французинот Ред Оугду со брилијантен удар со коленото во втората рунда го нокаутира Романецот Александру Негреу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО