Џон Џонс: Ќе бидам најдобар и следните 10 години

Џон Џонс се враќа овој викенд за да брани титулата во тешка категорија. „Коски“ ќе се соочи со непопразениот прредизвикувач Доминик Рејес во главната борба на УФЦ 247 во Тексас. Џонс е хегемон во категоријата долги години, а многумина не успеаја во обидот да го отстранат од тронот.

Во неговата последна битка шампионот не помина многу добро против Тијаго Сантос и за прв пат во кариерата победи со поделена одлука. Сега ќе сака да ги расчисти сите сомнежи и да се обиде да ја наметне својата волја на Рејес. „Коски“ веќе вети кикбокс војна и во интервју за Ариел Хелвани изјави дека ќе биде најдобриот во следните 10 години.

„Научив многу во последниве години и постојано се развивав како татко и борец. Поминаа многу години и битки, но сепак сум тука. Длабоко убеден верувам дека со тек на време ќе бидам ист борец како што сум сега. Возбуден сум од она што ме чека во наредните 10 години и верувам дека ќе бидам најдобар. Верувам дека ќе бидам на врвот во спортот и следните 10 години.

Отсекогаш сум имал силно убедување дека ќе бидам најголемиот борец во историјата. Чувствувам дека бурата веќе е зад мене. Тоа беше интересна авантура од која научив многу. Благодарен сум за сè. Дефинитивно мислам дека ми претстојат најдобрите денови. Ќе продолжам да развивам и да станувам се подобар човек. Многу сум возбуден за иднината и гледам само убави работи во неа“, рече Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО