Погледнете што одбраа фановите на УФЦ како најдобро во 2020 година (ВИДЕО)

2020 година беше многу плодна за УФЦ, a на крајот на годината, најголемата светска промоција им даде шанса на своите навивачи да го изберат најдоброто од годината, во неколку различни категории.

По гласањето преку социјалните мрежи, победниците беа избрани во категориите деби на годината, враќање на годината, настан на годината, „завршница на годината“ и секако нокаут на годината.

Тие ги составија сите заедно во едно видео што го објавија на нивната страница на Јутјуб и ние го донесуваме тука под текстот. Веруваме дека вие самите гласавте за некои од овие категории, па видете дали вашите фаворити на крајот освоија најмногу гласови и со тоа ја однесоа победата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО