Погледнете како Мајк Тајсон танцува во костум на пчели, објавата има над милион прегледи (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон се врати во рингот кон крајот на 2020 година во егзибициски меч против Рој Џонс Јуниор.

И покрај тоа што после тоа 55-годишниот Мајк не влезе во рингот, честите објави на социјалните мрежи покажуваат дека тој се уште е во добра форма.

Така неодамна објави видео од тренинг кога со лев удар го удри тренерот во глава и му ја ресече усната.

Легендата на боксот води и многу гледан подкаст, а често неговите објави ги забавуваат обожавателите.

Во едно од последните видеа на Инстаграм, Железниот Мајк објави видео на кое танцува во костум на пчели.

Имено, Тајсон гостуваше во шоуто на Џими Кимел.

„Се чувствувам прекрасно, прекрасно… (пчелно-корисно)“, пееше Мајк Тајсон, кој беше асистент на натпреварот за правопис на Кимел.

Неговата објава на Инстаграм собра повеќе од 1,3 милиони прегледи за еден ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО