Погледнете како Дарко Стошиќ со силни удари го нокаутира Словакот Војчак (ВИДЕО)

Одилични борби се најдоа на програмата на настанот на КСВ во Полсат плус арената во Гдиња.

Настанот го предводеше борбата во тешка категорија во која шампионот Фил Де Фрис убедливо триумфираше над локалниот борец Шимон Бајор од Полска.

Во финишот на втората рунда по одлична комбинација Англичанецот го затресе противникот, го фати со гушење од позади и го задуши. Бајор не сакаше да се предаде и едноставно заспа.

Де Фрис (24-6, 1НЦ) на тој начин ја продолжи победничката серија. Заедно со неговата 12-та победа по ред, тоа беше и негова деветта одбрана на шампионскиот појас во тешка категорија на КСВ.

Во конасловната борбата Себастијан Пжибиш го победи Ислам Џабраилов со завршница во третата рунда.

На настанот настапи и српскиот тешкаш Дарко Стошиќ, кој со нокаут во третата рунда го победи Словакот Стефан Војчак.

Тоа беше 18-та победа за Стошиќ во професионалната кариера и петта во КСВ.

Двајцата борци си разменија многу удари во текот на првите две рунди, но на половина од третата Дарко го прекина мечот.

Прво го удри со десна кроше и Словакот почна да го губи тлото под нозете. Потоа одекна уште една бомба од Стошиќ и приказната заврши. Војчак заврши со нокаут.

„Би сакал повторно да се борам со Фил Де Фрис“, изјави по мечот Дарко Стошиќ.

На настанот настапи уште еден српски борец Немања Николиќ, но не беше успешен. Бартош Леско го победи со завршница (давење од позади) во првата рунда.

Погледнете го и одличниот финиш на Фил Де Фрис против Шимон Бајор:

Резултатот од настанот КСВ 84:
Фил Де Фрис – Шимон Бајор – техничка завршница, Р2
Себастијан Пжибиш – Ислам Џабраилов – техничка завршница, Р3
Демијан Јаниковски – Казариус Кесик – со едногласна одлука на судиите
Дарко Стошиќ – Стефан Војчак – КО, Р3
Бартош Леско – Немања Николиќ – завршница (гушење од позади), Р1
Хенри Фадипе – Кристијан Кажубовски – поделена одлука
Демијан Стасијак – Паскал Хинтцен – завршница (триаголник давење), Р1
Густаво Оливеира – Бруно Аугусто дос Сантос – ТКО (медицински прекин),Р3
Демијан Миецковски – Борис Џиковски – едногласна одлука на судиите
Патрик Хробак – Милош Мелчерт – НЦ, судир на глави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО