Дана Вајт сака граплинг меч меѓу Хабиб и Сент Пјер

Големиот канадски борец Жорж Сент Пјер се повлече од ММА во 2017 година, но сега е подготвен да се врати.

УФЦ ќе одржи граплинг турнир Фајт пасс инвитејшнал 6 и Сент Пјер ќе биде главен. Првото нешто за кое беше прашан Жорж беше неговиот противник и шпекулациите за долгоочекуваната средба со друга легенда, Хабиб Нурмагомедов.

Самиот Жорж не е против ваквиот развој на настаните, но призна дека Хабиб се уште не е на списокот на можни противници што му се доставени. Шефот на УФЦ, Дана Вајт, се разбира, не беше изоставен. Дана изјави дека громгласно влегува во граплингот.

Откри дека навистина сака да ги спротивстави Сент Пјер и Хабиб.

„Ќе влезам во светот на граплингот громогласно. Ќе имаме големи вести за тоа. Може ли Хабиб Нурмагомедов да стане ривал на Жорж Сент Пјер? Не велам дека веќе работиме на таа борба, но би сакал да ја реализираме“, изјави Вајт.

Ако Хабиб не успее, Сент Пјер има опции со браќата Дијаз, Камару Усман или Колби Ковингтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО