Погледнете како Александар Ракиќ се подготвува за мечот на кариерата (ВИДЕО)

Александар Ракиќ се подготвува за најголемиот меч во кариерата. Српскиот борец со австриски пасош ќе настапи на настанот на УФЦ на 14 мај против поранешниот шампион во полутешка категорија Јан Блахович.

Нивниот судир е договорен во пет рунди.

Последната борба Ракиќ ја имаше пред една година кога со едногласна одлука на судиите го победи Тијаго Сантос на настанот UFC 259 во Лас Вегас.

Борбата меѓу Александар и Јан требаше да се случи кон крајот на март, но поради повреда на Полјакот беше одложена за средината на мај.

Српскиот борец жестоко се подготвува за тој настап.

Првиот дел од подготовките ги имаше во Шведска, а тренинзите ги продолжи во АТТ во Загреб. Пред неколку дена објави фотографија од Јарун.

Ракиќ со победата против Блахович веројатно би добил шанса да го нападне појасот откако шампионот Гловер Тешеира на 11 јуни ќе се обиде да ја одбрани титулата против Јиржи Прохаска.

Навивачите на српскиот борец често на социјалните мрежи можат да видат дел од подготовките на Александар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО