Погледнете како 15-годишниот Мајк Тајсон го нокаутира противникот за само десет секунди (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, беше еден од најстрашните мажи во рингот и ретко кој можеше да се натпреварува со него.

Легендата на боксот имаше бурна професионална кариера која започна во 1985 година кога го победи Хектор Мерцедес со прекин во првата рунда, а заврши дваесет години подоцна кога му го предаде мечот на Кевин Мекбрајд.

Секој спортист кој сака да го достигне врвот мора да биде талентиран, но исто така мора да вложи неверојатна количина на напорна работа пред да достигне кое било респектабилно ниво.

А многумина ќе дојдат преку системот за млади и надарени спортисти кои ќе стекнат искуство во аматерски натпревари, истото е и во боксот.

Железниот Мајк веќе изгледаше застрашувачки на 15-годишна возраст и немаше потреба од експерт за да сфати дека тој е предодреден за самиот врв. Посебно се издвојува една борба.

Имено, Тајсон во 1981 година го победи Џо Кортез во меч за титулата шампион во тешка категорија на младинските Олимписки игри.

Во видеото кое неодамна се појави на Твитер, младиот Мајк го нокаутира својот противник за само десет секунди.

Веднаш можеше да се забележи дека Ајрон Мајк е талентиран и полн со потенцијал, што често го покажуваше во текот на кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО