Аманда Серано ја испиша историја во крвава борба со Ерика Круз за неприкосновената титула

Аманда Серано е првата Порториканка која го освоила неприкосновената шампиноска титула во перо категорија по едногласна одлука во нејзината крвава пресметка со Ерика Круз во легендарниот Медисон сквер гарден во Њујорк.

Судиите бодуваа 98-92, 98-92 и 97-93 за Биг џоб да го додаде ВБА појасот во нејзината колекција.

„Многу сум емотивна и среќна поради искуството. Успеавме! Не бев изненадна бидејќи Ерика е мексиканска шампионка. Таа работи напорно и се подготвивме токму за тоа. Не очекував ништо помалку од нејзиниот настап вечерва. Морав да се вратам на основите и го слушав мојот агол, почнувајќи со 1-2, што успеа“, изјави Серано по победата за ДАЗН.

Сепак, мечот беше речиси прекинат поради судир со главите кога Круз доби повреда. Крв ѝ течеше над главата до крајот на борбата, но човекот во аголот даде се од себе за да спречи лекарска интервенција.

Аманда Серано на крајот го прослави заслужениот успех и на тој начин испиша историја за Порторико, бидејќи ниту еден боксер, машко или женско, никогаш не постигнал таков успех во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО