Погледнете ја целата приказна: Одличното видео до детали обајснува зошто Конор го нападнал автобусот на УФЦ борците (ВИДЕО)

Во исчекување на рочиштетето на судот во Бруклин, кое е закажано за 14 јуни, а кое, најверојатно, ќе ја одлучи судбината на најголемата ММА ѕвезда денес Конор Мек Грегор, на серсвисот ЈуТјуб се појави одлично видео кое го сумира целиот хаос што се случи во пресрет на УФЦ 223.

Потсетувме како тогаш се уште актуелниот УФЦ шампион, мотивирани од наводна освета за малтретирањето на неговиот колега Артем Лобов, заедно со десетина хулигани го нападнаа автобусот полн со УФЦ борци во која во тоа време се наоѓала и нивната цел – Хабиб Нурмагомедов.

„Каменувањето“ на автобусот кулминира кога самиот Мек Грегор зграпчи метална количка и ја закова во стаклото на автобусот. Последица на ова исечениците на лицето на Мајкл Киеза и стаклена прашина во очите на Реј Борг. Дури три меча (трет беше Лобов, бидејќи учествуваше во нападот) се прецртани од листата на борби на УФЦ 223, а Мек Грегор беше уапсен.

Иако беше многу брзо ослободен, допрва го чека судскиот епилог кој ќе ја одреди неговата УФЦ судбина. Аналитичарите и правниците не веруваат дека мора да оди во затвор, но во прашање е судбината на неговата американска работна виза – неопходна за да може да се натпреварува на територијата на САД.

Видеото кое го компилираше порталот MMAMania прекрасно опишува и објаснува што се се случуваше во пресрет на нападот, за време на атакотот на Баркли центарот, но и по тој срамен чин. Ако не сте сигурни дека сте запознаени со сите детали, навистина вреди да се види ова видео, бидејќи тоа е сосема систематичен и темелен.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО