Погледнете ја одличната компилација на Глори од нокаутите на Адегбај (ВИДЕО)

На крајот на октомври најдобриот хрватски кик-боксер Антонио Плазибат го победи Романецот Бенџамин Адегбaј, еден од најдобрите светски тешкаши.

Плазибат одлично ја искористи шансата и во втората рунда го нокаутира противникот.

Со оваа победа Хравтот скокна на првото место на предизвикувачот на листата на Глори на најдобри борци во тешка категорија.

Но, романскиот борец останува на врвот во категоријата со 35 победи (20 нокаути) и седум порази во професионалната кариера.

Адегбај трипати ги победи големите борци Бадр Хари, Младен Брестовац, Хесди Гергес, Јахфар Вилнис, Исмаел Лондт во богатата кариера…

Бенџамин Адегбај е меѓу најдобрите со години, а ривалите секогаш ја чувствуваат моќта на неговите удари.

Во тоа може и сами да се уверите штом ја погледнете одличната компилација на Глори од нокаутите на Адегбај:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО