Хамзат Чимаев одговори на критиките на Масвидал

Хамзат Чимаев го победи Жилберт Барнс на неодамнешниот настан на УФЦ 273 во Џексонвил со едногласна одлука на судиите.

За непоразениот шведско-чеченски борец тоа беше 11-та победа во професионалната кариера и петта во најголемата светска организација ММА.

Еден од најдобрите ММА борци во историјата Жорж Сент Пјер пред некој ден го пофали Чимаев, но го привлече вниманието на грешките кои Хамзат ги направи против Бразилецот.

Хорхе Масвидал во едно неодамнешно интервју се осврна и на Борз, кој истакна дека воопшто не размислува за него.

„Па, тој не се борел со никого. Прво треба да се борите против вистински борец. Во УФЦ ги воздигнуваат сите кога мислат дека тоа може да им донесе профит. Тој може да привлече арапски пари, а тоа се богати земји. Не гледам ниту еден добар борец што го има победено досега“, изјави Хорхе Масвидал.

Хамзат Чимаев му одговори на Масвидал додека гостуваше во подкастот Hustle MMA.

„Масвидал вели дека се уште не сум се борел против вистински борец. А со кого се бореше тој? Неговите зборови се безвредни откако Камару Усман брутално го нокаутира, речиси ќе го испрати на небото“, изјави Хамзат Чимаев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО