Погледнете го нокаутот на Мусаев во првата рунда и одличната завршница на Усман Нурмагомедов (ВИДЕО)

Главната борба на настанот Белатор 283 во Такома, во која Џејсон Џексон го победи Даглас Лима со едногласна одлука, не беше особено интересна.

Но, повеќето од другите натпревари понудија многу повеќе возбудувања.

Тофик Мусаев го победи Сидни Аутлау со прекин по само 27 секунди. Азербејџанецот со одлична комбинација го стресе Аутулау и почна да го довршува мечот.

Го удри противникот со силно десно кроше по кое падна на подот, а судијата веднаш влезе и ја прекина борбата пред Тофик да упати уште еден удар.

Така Мусаев на фантастичен начин го изми горчливиот вкус што му го остави поразот во последната борба против Роберто де Соуза.

Усман Нурмагомедов убедливо стигна до својата 15-та победа во кариерата.

Непоразениот Дагестанец по 2:54 минути од првата рунда го совлада Крис Гонзалес со завршница (гушење со гилотина).

Усман е братучед на Хабиб и помлад брат на Умар Нурмагомедов, кој исто така е успешен ММА борец.

Дагестанецот го доведе Гонзалес до оградата, го фати во гилотина, а на американскиот борец не му остана ништо друго освен да го предаде мечот.

Тоа беше четврта победа за Нурмагомедов во Белатор, а така гради пат кон борбата за шампионската титула во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО