Погледнете дел од подготовките и тренингот на Рико Верховен против Том Аспинал (ВИДЕО)

Осумте најдобри кикбоксери на Глори во тешка категорија ќе се натпреваруваат на 9 март во Арнем на големото Гран при.

Најголем фаворит е Рико Верховен, долгогодишниот владетел во тешката категорија на Глори, кој ќе го отвори натпреварот против Французинот Софијан Лаидуни.

Холанѓанецот се подготвува за тој турнир, а дел од тренинзите ги одработи во салата Еволушн фитнес ХЛ со УФЦ тешкашот и привремен шампион Том Аспинал.

Том Аспинал и Рико Верховен соработуваат веќе неколку години, а колку добро се согласуваат на тренинзите можете да видите во видеото кое Глори го објави на својот канал на Јутјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО