Поглед на УФЦ 211 програмата – повеќе од импресивна!

Идниот ППВ настан на УФЦ кој следи е УФЦ 211 во Далас, а кога ќе ја погледнеме во програмата, без размислување, можеме да заклучиме дека станува збор за еден од најголемите настани во историјата на УФЦ.

Веќе многу фанови велат дека овој настан е на исто ниво со оној од УФЦ 205, а веќе со оваа листа на борби го надминува УФЦ 200, кој на крајот ја имаше несреќа да се откажат некои борба. Ако ги нема овде, за еден месец во Далас публиката ќе добие сервиран спектакл во изведба на најдобрите воини и воинки во ММА светот.

Многу е убаво да се види тешкашка борба на чело на еден ваков настан, а уште поубаво е кога се знае дека титулата ја брани Стипе Миочиќ. Тука и борбата за титулата за шампионка сламка категорија, како и борбата за прв предизвикувач на велтер категорија. Поранешниот шампион Френки Едгар го дочекува најголемиот талент во перолесна категорија, а можеби и на целиот УФЦ, додека на испитот на кариерата е и Серхио Петис. Тоа што поранешниот шампион Еди Алварез е во воведната програма е факт кој говори, како и повратник во УФЦ и поранешн двократен светски првак на ВСОФ, Дејвид Бренч.

На кратко, некои борци ги заобиколуваат повредите или којбило друг проблем и ова е ноќта кога нема да спиеме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО