Почна Светското карате првенство – познати противниците на нашите репрезентативци, прв настапи Спасовски

Во Будимпешта почна Светското првенство во карате кое ќе трае до 29 октомври, а на кое учествуваат 988 каратисти со 1130 натпреварувачки влезови од 112 држави. Од македонските каратисти прв настапи Давид Спасовски во кати.

Во борби се познати противниците на нашите репрезентативци.

На последното СП во Дубаи Емил Павлов освои сребрен медал, што е најголем успех на македонското карате. Од светските првенства имаме и бронза која ја освои Жарко Арсовски на СП 2010 година во Белград.

Македонија на СП:

-50 кг Михаела Мишовска – Нисва Ахмед (Франција)
-55 кг Јована Греоргиева – Сиригамоланте Чокпрасертагул (Тајланд)
-61 кг Вероника Костовска – Исидора Фернандез (Бразил)
-68 кг Ангела Мојсовска – Дортија Пап (Унгарија)

Женската кумите екипа ја сочинуваат: Георгиева, Костовска, Мојсовска и Манева.

Македонија – Јужноафриканска Република

-60 кг Матеј Белистојаноски – Ли Веи Хсу (Тајван)
-67 кг Емил Павлов – Винисус Фигуеира (Бразил)
-75 кг Мурсел Мисини – Фарид Агаев (Азербејџан)
-84 кг Петар Спасеновски – Диего Переира Трентини (Бразил)
+84 кг Берат Јакупи – Сајад Гањзадех (Иран)

Машкиот кумите тим: Хаџи Кимов, Павлов, Месини, Петар Заборски, Спасеновски, Јакупи и Стефан Стојановиќ.

Македонија – Грузија

Кати
Давид Спасовски 36, 3 поени седмо место во 5-та група

Кати тимот мажи е во втора група со 7 репрезентации: Кристијан Бајовски, Давид Спасовски, Александар Спасовски и Андреј Стојановски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО