Почна снимањето на „Шампион“ за олимпискиот шампион Шабан Трстена (ФОТО)

Почна снимањето на долгометражниот документарен филм „Шампион“ за олимпискиот шампион Шабан Трстена.

Овој документерен филм се снима со помош на Агенцијата за филм која одвои 50 илјади евра за неговата реализација. Документраниот филм е за освојувачот на златниот медал на Олимписките игри во Лос Аџелес во 1984 година во борење во слободен стил.

„Шампион“ го работи продуцентската куќа „Скопје филм“, со шампионски тим Игор Иванов – Изи – режисер, Сашко Насев – сценарист во соработка со шампионот Шабан Трстена, а продуцент е Тони Салковски.

Филмот ќе ги опфати животот и делото на единствениот македонски олимписки шампион.

Да потсетиме дека на 7 декември се прмовира книгата за Трстена „Патот на олимпискиот шампион“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО