МОК и ФБСМ потпишаа договор за директни преноси на МОК ТВ

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и Македонскиот олимписки комитет (МОК) потпишаа договор за вршење на директни преноси од страна на МОК ТВ на Јутјуб каналот од натпреварите од националното првенство во борење, како и меѓународните натпреварувања во организација на ФБСМ за сите возрасни категории и во двете конкуренции (машка и женска).

Договорот го потпишаа претседателот на МОК, Васил Тупурковски и Бетим Вренези, претседател ФБСМ во присуство на потпретседателот Дејан Богданов.

Материјалите од снимените видео записи ќе бидат дадени на користење на ФБСМ со цел да се направат што подетални анализи на постигнатите резултати и прикажаните перформанси на сите учесници на боречките натпревари и турнири.

Двете страни, МОК и ФБСМ, веруваат дека со оваа надградена блиска соработка ќе се зголеми вредноста на заедничките напори за подобрување на перформансите и резултатите на нашите најдобри борачи, во сите возрасни категории (и во машка и во женска конкуренција).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО