Uncategorized

Марјан Лазаров полагаше за судија во борење од прва категорија

Марјан Лазаров го полагаше теоретскиот дел за судии од прва категорија во борење на ОСБ/UWW во Белград на семинарот за судии. Практичниот дел е закажан за подоцна и најверојатно полага на некој турнир во Сараево, БиХ, или Атина, Грција

„Беше убаво да се биде со најдобрите светски судии. Се запознав со многу од нив. Ми ветија дека ќе дојдат и во Штип на „Македонскиот бисер“ на почетокот на јуни годинава. Сметам дека успешно го положив теоретскиот дел. Практичниот дел е закажан подоцна, најверојатно ќе се одржи на некој турнир во Сараево или Атина. Јас се подготвувам и за практичниот дел“, изјави по враќањето од Белград, Марјан Лазаров.

За состојбата со судискиот кадар во Македонија вели:
„Мал е бројот на млади судии. Некако како да нема желба борачите по завршувањето на кариоерата да продолжат со судењето. Можеби и поради тоа што нема стимулации. Затоа, останавме без судии од прва категорија. Сега младите судии имаат шанса да полагаат за втора и трета категорија. Покана до сите борачи кои сакаат да бидат и делители на правдата на душекот да се пријават за полагање судии од трета и втора категорија на „Македонскиот бисер“  од  9 до 11 јуни во Штип“.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON