Биспинг до ЖСП: Да не чекаш да ти пораснат мадињата?

Шампионот во средна категорија на УФЦ, Мајкл Биспинг, го фаќа нервозата поради тоа што се уште не е закажан официјалниот датум за средбата со легендата Жорж Сент Пјер.

Барем според Каунт, Канаѓанецот намерно се обидува да го одложи мечот за подоцнежен датум. А според Биспинг, на кого никогаш не му недостасувало чувството за хумор, има и добри причини за тоа.

„Мислам дека тој чека да му пораснат мадињата“, изјави Британецот, додавајќи: “Претпоставувам дека во моментов ги пумпа бицепсите во салата и пие протеински шејкови. А кога ќе изгледа доволно крупен, можеби тогаш ќе можеме да се бориме“.

Во целата работа се вмеша и еден од претендентите за појасот Јоел Ромеро, на кого, очигледно, му е забавно што се уште нема дата за средбата меѓу Биспинг и ЖСП.

„Се уште ли нема датум, Биспинг? ЖСП те тера да чекаш? Ајде, момче, кој е шампионот? Кога јас ќе го освојам појасот, ќе го бранам на секои 2-3 месеци, поради навивачите“, напиша Ромеро на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО