Почина долгогодишниот тренер по џудо и самбо на Федор Емилијаненко

Легендарниот тренер по џудо и самбо Владимир Воронов почина на 55-годишна возраст.

Воронов е тренер на легендарниот Фeдор Емелијаненко многу години и го тренира од неговата 10-та година. Воронов беше со Емелијаненко во текот на целата кариера и му помогна да ги развие вештиниte во самбо, џудо и ММА.

На социјалните мрежи Федор изјави дека Воронов починал вчера. Руските медиуми велат дека Воронов бил со КОВИД-19 и минатата недела бил на реанимација и интубиран. Владимир имаше проблеми со срцето, како и крвниот притисок.

„Почина мојот тренер Владимир Михајлович Воронов. Од детството, Владимир Михајлович беше дел од семејството, тежок ментор. Секогаш беше покрај мене во тешки и среќни моменти. Владимир не беше само тренер, туку и татко на многу спортисти.

Одгледуваше силни шампиони, веруваше во млади момчиња и им помагаше да го пронајдат својот пат во животот. Моето искрено сочувство до семејството и пријателите на Владимир Михајлович. Молам вашите молитви за Владимир.

Воронов е почесен тренер на Русија, мајстор на спортот на СССР во џудо, заслужен тренер на Русија во самбо. Исто така е почесен граѓанин на градскиот округ Старосукол во регионот на Белгород. Трипати, во 2009, 2010 и 2013 година, тој стана најдобар тренер во регионот на Белгород“, напиша Емелијаненко на својот профил на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CEdtUHkByrz/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО