Победа на Петросјан, ЏВП со хај кик го нокаутира противникот во дебито за Белатор (ВИДЕО)

Познатиот австралиски мај тај борец Џон Вејн Пар во Торино дебитираше за Белатор кикбоксинг.

40-годишниот „Ганслиџер“ во текот на втората рунда со хај кик го нокаутираше домашниот борец Нандо Калцете.

Џорџо Петросјан со едногласна одлука на судиите го победи Романецот Амасио Парашив.

Денис Килхолц на поени го победи Мартин Микиелето и ја одбрани титулата во мува категорија.

Армен Петросјан против Мохамед Хумер ја освои ВКУ титулата во категоријата до 70 килограми, а Мустафа Хаида со поделена одлука на судиите го победи победникот на К-1 МАКС, Енрико Кел.

https://youtu.be/VS09T1zLe3A

https://youtu.be/FM6LV9NhZb8

https://youtu.be/j3xZspCCd8A

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО