Поради новонастаната ситуација во Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) во прашање е доведено учеството на кадетите Столе Ефтимов, Минир Реџепи, Фати Вејсели и Рамзан Гаџиханов на Европското првенство во Стокхолм-Шведска од 19 до 24 јули.
Ниту во канцеларијата на ФБСМ, ниту замениците, ниту потпретседателот, не можат изрично да кажат дека ќе се патува на ЕП поради тоа што не се обезбедени пари. Инаку, овие борачи на време се пријавени за учество.
Засега, така може да се рече, најсигурно е учеството на борачот на Вардар, Рамазан Гаџиханов, бидејќи неговите трошоци ги покрива клубот.
По оставката на претседателот Ванчо Чифлиганец работите се искомпликуваа и не одат како што беше апредвидено.
Ipon.mk/В.Д.